Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Преговори ќе има кога ќе се укине аболицијата

Заев: Преговори ќе има кога ќе се укине аболицијата
Опозицискиот лидер Зоран Заев при дискусијата на тема „Плурализмот и политичката криза“ во организација на Цивил денеска изјави дека во моментов нема преговори меѓу четирите партии во земјава. Тој посочи дека преговори нема во моментов, туку дека има билатерални разговори со странците. Првиот човек на СДСМ истакна дека преговори се можни кога  ќе се укине аболицијата и кога ќе се свика Собранието за да се одложат изборите се до исполнување на условите за одржување на регуларни, фер и демократски избори и од тоа нема мрдање. „Неколку работи се многу значајни. Во сите овие работи се повикани на помош и кај нас во партијата и коалицијата, но и странците повикуваат, другите партии повикуваат уставни експерти, правни експерти, од сите аспекти се изнаоѓаат решенијата. Во сите овие разговори последните денови, едно прашање е апсолвирано: На 5-ти јуни избори не може да има! И нема да има избори“, децидно рече Заев. Исто така тој рече дека ќе се врати на преговарачка маса кога ќе се укине  аболицијата или кога ќе биде потврден начинот на укинување на аболицијата, свикан парламентот и тогаш ќе биде спремен да разговара како претседател на СДСМ за добрата иднина на земјава. Ставот на опозицискиот лидер е враќање на договорот од Пржино.
Слично

Поврзани вести