Економија, финансии, бизнис

Контакт

Опозицијата пред Влада до крај, власта ги обвинува дека сакаат да направат конфликт!

Опозицијата пред Влада до крај, власта ги обвинува дека сакаат да направат конфликт!

Во недела не треба да се пропушти можноста да се присуствува на најголемиот национален - над етнички, надпартиски и граѓански протест во Република Македонија.

Тоа, го изјави лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Зоран Заев.

Признавам дека се прават секакви пречки - има закани, се делат пари и мито, се поништуваат веќе платени нарачки за транспорт за протестот во неделата. Но, сакам да кажам дека ако треба ќе дојдеме со камиони, со трактори, со булдожери. Ангажирани се цели композиции со вагони, рече вчера Заев и откри дека лично над 4600 лица изјавиле желба да останат на плоштадот до конечното паѓање од власт на премиерот Никола Груевски.

"Нема повеќе место за Груевски во политичкиот живот во земјата", рече уште Зоран Заев. Тој ја повика владејачката партија да не одржува митинг во понеделник - на 18 мај. "Против кого ќе протестира. Против опозицијата ли ќе протестира?", праша Зоран Заев.

ВМРО ДПМНЕ пак претходно го обвини Заев дека со објавените бомби сака да направи конфликт

"По денешната прес конференција на сите разумни и совесни граѓани на Република Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци или други, на сите им стано јасни. Во желба за власт, Зоран Заев е подготвен да го жртвува сè и мирот и стабилноста, и економскиот развој, и соживотот меѓу граѓаните ", рекоа од партијата.

Слично

Поврзани вести