Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев пред утрешниот Централен одбор: Груевски влегува во нови грешки!

Заев пред утрешниот Централен одбор: Груевски влегува во нови грешки!

Лидерот на опозицијата Зоран Заев денеска даде интервју за Балканската истражувачкo репортерска мрежа (БИРН) што ќе биде објавено за странската публика, на англиски јазик, на порталот Балкан инсајд.

Тој во интервјуто, како што напоменуваат од СДСМ зборува за противзаконското и противуставно владеење на Груевски, за доказите што ги поседува СДСМ, за следните чекори на партијата.

-Централниот одбор ќе се оддржи во петок, на 6-ти февруари и на тој Централен одбор ќе се донесат одлуките зошто ова го правиме?- потенцира Заев.

„Ова не е лична битка на поединци од опозицијата наспроти поединци од власта. Ова според нас е битка за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија. Враќање на европските вредности. Битка којашто мора да биде донесена со одлуки на органи и тела на партијата за да ја испрати пораката ова што и се случува на земјата, никогаш повеќе да не се повтори.

Посегна по многу непринципиелни неуставни и незаконити чекори коишто се препознаени и од домашната и од меѓународната јавност, коишто не може да немаат последици по нашата земја, но врз него дека ќе има последици секако ќе има, политички последици. Заради тоа сум плус убеден дека секој одминат ден навлегува во се поголеми глупости и тоа ќе придонесе кон неговото побрзо заминување“, изјавил Заев за БИРН.

 

Слично

Поврзани вести