Заев: Поврат на ДДВ од 1 јули за потрошувачка до 30.000 денари
Премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање од собраниската говорница рече дека проектот за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ ќе започне од 1 јули следната година.
- Овој проект требаше да започне од 1 февруари, но поради системот моравме да го одложиме за 1 јули следната година. Договорите со банките се завршени и тие веќе знаат како да ги изработат картичките. Тоа им одговара и на банките, бидејќи тогаш сите ќе сакаат да имаат такви картички и на тој начин ќе се плаќа и во сите рурални средини на пример - рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Тој наведе дека повратот на 15 отсто од ДДВ ќе биде лимитиран на 30.000 денари месечно од банкарска картичка.
- Донесовме таква одлука затоа што сметаме дека не е фер некој побогат со големи примања да добие многу поголем поврат од некој со мали приходи - вели Заев.
Најави и намалување на данокот на добивка од 10 на 3 отсто во индустријата со информатичка технологија за да се привлечат странски инвеститори во овој сектор.
- Предуслов за тоа секако е и членството во НАТО, кое ќе предизвика оптимистички и инвеститорски одлуки кај акционерите и директорските бордови - смета Заев.
