Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев повика Македонија да го исчисти својот двор и да се врати на вистинскиот пат

Заев повика Македонија да го исчисти својот двор и да се врати на вистинскиот пат

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев  денеска, пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк во Струмица, го одбележаа 9-ти мај, Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Заев изјави дека треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата кои сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и државноста за да ѝ покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат за да обезбеди влез во големото европско семејство.

„Разрешницата на нашата политичка криза и враќањето на демократските вредности, правдата, слободата и човековите права, треба и мора да останат наш императив, без никакви алтернативи. Само така ќе ѝ покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат, на патот по кој порано сигурно чекоревме. Ако велат дека надежта последна умира тогаш треба да бидеме сериозни и да се избориме барем на таа надеж да и создадеме реална основа. Треба да бидеме мудри, упорни и истрајни и ако нешто заслужуваме, тоа сигурно ќе го добиеме. Ако Македонија секогаш била на вистинската страна тогаш нека биде и понатаму на страната на прогресивна Европа во која ќе нема место за промоција на нови фашизми и создавање можности за нови крвопролевања. Да продолжиме да го сонуваме нашиот заеднички сон, а јавето нека биде наша заедничка цел“ - рече Заев.

Тој со претставниците на Советот на општина Струмица положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ потврдувајќи ја својата длабока почит кон жртвите на фашизмот. Заев почит им оддаде и на загинатите полицајци во Диво насеље во Куманово лани.

Слично

Поврзани вести