Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев потврди дека ќе оди за Брисел

Заев потврди дека ќе оди за Брисел

Опозицискиот лидер Зоран Заев, потврди дека СДСМ ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

„Изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија“, истакна Заев за ова прашање.

 Тој смета дека заложбите на Хан за отворање на суштинското прашање, организрање Влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за отпочнување можни преговори за решавање на политичката криза и очекува  принципиелни разговори поставени на рамноправна основа.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/09/pregovori-ke-reshat-li-gruevski-i-zaev-koj-ke-go-predvodi-tranzitsiskiot-period/" target="blank" ]Преговори: Ќе решат ли Груевски и Заев кој ќе го предводи „транзицискиот период“?[/button]

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изминативе денови замина во Вашингтон и пред Атлантскиот совет соопшти дека ОБСЕ вршел мониторинг на последните и неколку претходни избори во Македонија, дека за нив дале „генерално позитивен извештај“, а дека сепак е договорено во април следната година да се одржат нови вонредни парламентарни избори.

Начелен договор за одржување на избори би требало да биде детално разработен на состанокот кој треба да се одржи утре во Брисел. Но, учесниците на рамковниот скопски договор чесно не се ни разделија, а веќе преку медиумите се судрија околу натпреварот „транзициски период“, поточно околу одговорот на прашањето: кој ќе ја води Македонија во наредните десет месеци до новите вонредни парламентарни избори и кој ќе организира попис на населението, измени на изборниот закон и чистење на избирачкиот список?

Што ќе решат политичките лидери и дали ќе најдат заеднички јазик, останува да го чекаме епилогот од утрешната средба во Брисел.

Слично

Поврзани вести