Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Поразително е тоа што младите си заминуваат од родните огништа

Заев: Поразително е тоа што младите си заминуваат од родните огништа

Тажне и поразителен е фактот што младите си  заминуваат од своите огништа во потрага за подобар живот, рече денеска опозицискиот лидер од Битола каде што денеска се сретна со младите Битолчани.

Заев со нив разговарал за проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат, пред се за проблемите во образованието, лошите услови во студетските домови, невработеноста, како и најголемиот проблем, иселувањето на младите.

Пред нив Заев презентирал мерки од Програмата на СДСМ коишто за кои лидерот на СДСМ вели дека ќе овозможат современо образование на младите и ќе отворат можности за отворање нови работни места со достоинствени плати.

„Младите си заминуваат од своите огништа во потрага за подобар живот. Тоа е поразително и тажно. Тој тренд нема да дозволиме да продолжи. СДСМ има програма има решенија со коишто ќе им обезбедиме иднина на младите дома“, посочи Заев.

Тој исто така истакна дека  ќе ја зголеми поддршката за домашните фирми на 20-50 милиони евра годишно, со што би се создале услови за отворање на  нови работни места но и ќе се обезбедат достоинствени плати.

Заев потенцираше дека нивната цел е просечната плата да достигне до 29 илјади денари.

Претседателот Заев додаде дека СДСМ значително ќе ја зголеми поддршката за домашните фирми на 20-50 милиони евра годишно.

Битолчани пак истакнаа дека оваа власт им украла 10 години и морало да се промени и искажаа надеж дека Заев можел да ја врати Македонија на вистинскиот пат .

 -Претседателе, вие сте нашата единствена надеж. Само вие, со вашиот тим, можете да ја вратите Македонија на вистинскиот пат, рекоа младите.

Слично

Поврзани вести