Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Половина од тендерите во Струмица ги добиле лица блиски до власта

Заев: Половина од тендерите во Струмица ги добиле лица блиски до власта
По бранот обвинувања за местени тендери во Струмица, денеска на прес коференција се огласи и опозицискиот лидер Зоран Заев. Општина Струмица, вели тој, согласно Законот за јавни набавки досега има склучено тендери вредни над 100 милиони евра, а за една година исплатила пари на повеќе од 400-тини фирми согласно законот. Од овие 400-тини фирми, вели Заев, околу 170, или речиси половината се управувани или во сопственост на симпатизери, членови, активисти или функционери на ВМРО ДПМНЕ. „Практика за давање и доделување тендери на блиски роднини, пријатели и сопартијци е Ваша одлика, господине премиер. Доколку имавте основано сомнение за непотизам и судир на интереси, Вашата власт кривично ќе ме гонеше, а не преку прес конференции, на кои презентирате стари документи, што ги објавувате при секој изборен циклус. Власта поднесува пријави за вакви работи за кои ме обвинува,а не да држи прес конференции“, истакна Заев о го обвини Груевски дека годишно се трошат по 25 милиони евра народни пари за како што рече, сатанизирање на опозицијата. Заев порача дека не се плаши, а како што истакна, на темата чест и морал со Груевски ќе разговара единствено во директно телевизиско соочување. Од ВМРО ДПМНЕ реагираа на ваквите изјави. Оттаму велат дека немаат против која било фирма да добие јавна набавка во Струмица, но стои во соопштението „имаме против кога фирмите од неговата фамилија, спротивно на законските норми за спречување на судир на интереси и непотизам, добивале јавни набавки во општината во која тој е градоначалник“. Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека се работи за десетина примери во кои фирмите од семејството Заеви добивале јавни набавки во Струмица. Претходно и Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека а Зоран Заев на фирмата на својот пријател и бизнис ортак на неговиот брат Вице Заев, Горан Крстев, изминативе пет години им овозможил да стекнат над 1, милиони евра преку јавните набавки кои фирмата Јавор Шпед ДООЕЛ Струмица во изминативе пет години ги склучувала со општина Струмица и општинските институции. „Ова е огромен скандал. Ова е вистината за системот кој што е создаден од Зоран Заев, а чија цел е излевање на пари на граѓаните на Струмица на сметките на фирмите од неговото семејство и нивните бизнис ортаци“, рече Стамов.
Слично

Поврзани вести