Заев: Пола милион евра провизија барал Мијалков за набавка на опрема од Израел
Во моментов се објавува 15 по ред таканаречена „бомба“ во седиштето на опозицијата.
Заев најави дека пред јавноста открива огромен корупциски скандал и за Македонија и пошироко.
Во првиот сет разговори можеше да се слушне како што тврди Заев како шефот на тајната полиција Сашо Мијалков бил вклучен во мега корупциски скандал со набавка на опрема за прислушување од Израел.
- За да почне да преговара, Мијалков побарал од изреалецот провизија од половина милион евра – рече Заев.
Заев посочи дека коруптивната шема се одвивала така што парите патувале преку Русија и Унгарија, а зад се всушност стоел премиерот Никола Груевски.
Од аудио снимките се спомнуваат суми од 500.000 евра, ќе се потсетите која е Светлана-соработничката на Мијалков која Сашо ја израдува дека ја наместил за судијка. Оваа личност Светлана Костова, и од позиција на судија во Управниот суд продолжува да ги врши валканите работи за Сашо Мијаков, рече Заев.
Слично
