Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев поднесе кривична пријава против Груевски

Заев поднесе кривична пријава против Груевски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска официјално поднесе кривична пријава против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски заради наводно примен кеш во случајот со Македонска банка и затајување на данок. „Груевски со побараниот и примениот милионски кеш во случајот Македонска банка направил три тешки кривични дела, противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок. Пријавата ја поднесуваме до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со неа како доказен материјал е доставена и аудио снимката на којашто јасно се слушаат инструкциите на Груевски и неговата инволвираност во извршувањето на делата“, објави лидерот на опозицијата Зоран Заев. Според СДСМ, Груевски ја искористил својата службена положба како пратеник и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 и 2004 година. „Од тие позиции посредувал и влијаел кај мнозинството акционери во Македонска банка АД Скопје, да ги продадат акциите од 51% на Јовица Стефановиќ-Нини. За тоа Груевски договорил награда од 1.500.000. евра директно во кеш, а останатите 900.000 евра со сукцесивно повлекување, повторно во готовина“, додава Заев, додавајќи дека од обвинителството очекува ефективна истрага за случајот Македонска банка. Тој денеска презентираше потврди за, како што вели, примен кеш на кои стои печатот на ВМРО-ДПМНЕ и потпис веројатно на тогашниот секретар на партијата. „Станува збор за потврди за примени пари во кеш, како донација, во 2006-та година, од 30.000 евра и 50.000 евра, или вкупно 80.000 евра. Како донатор се јавува лицето Тумбовски Загорец. Во моментот на уплатата на донацијата во КЕШ, Никола Груевски, покрај претседател на ВМРО-ДПМНЕ е и премиер на Република Македонија, веќе 4 месеци“, вели Заев. Тој забележува дека во финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ за 2006-та година и за годините потоа, вакви износи на партиската сметка не се евидентирани.
Слично

Поврзани вести