Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Почнувањето преговори со ЕУ ќе влијае позитивно на целиот регион

Заев: Почнувањето преговори со ЕУ ќе влијае позитивно на целиот регион

 Премиерот Заев верува дека добрата вест за почнување преговори со Европската унија ќе влијае позитивно на целиот регион ако интегрален дел од Европа и како признание за напредокот на реформите во Северна Македонија .

Ова тој денеска го истакна на конференцијата на „Економист“ од каде што посочи регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање. 

Како што потенцираше Заев, регионот станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија може да се надминуваат проблемите.


 – И мала држава како Република Сверна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест, потенцира Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот.

Заев вели дека ерата на манипулативните националистички реторики е минато. 

-Сите заедно грабиме кон посветла иднина. Берлинскиот прцес ја постигна целта да го зголеми интересот на Западен Балкан и да не стави на мапата на соработка на земјите членки на ЕУ. Спроведувањето на агендата за конективност на Берлинскиот процес и  повеќегодишниот Акциски план за регионална економска зона има важна цел да го забрза развојот на регионот и да го  подобри квалитетот на животот на нашите граѓани. Регионот зборува активно за дигиталзиација, заедничкиот настап на европскиот и глобалните пазари, царинските олеснувања, заедничките гранички премини, фондови за иноваци, рече Заев.


Самитот продолжи со обраќање на помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, а меѓу гостите се и поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Ги Верхофштат и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Слично

Поврзани вести