Заев побара од граѓаните да гласаат за промени
Лидерот на СДСМ Зоран Заев побара граѓаните в недела на предвремените парламентарни и на вториот круг од претседателските избори да гласаат за промени и за нов почеток на Македонија и да ја искористат моќта и тајноста на своите гласови.
„Во недела јасно избираме дали сакаме правда и правна држава, или корупција и насилие.Во недела излегуваме на избори затоа што веруваме во вас граѓаните! Излегуваме затоа што веруваме дека Македонија заслужува шанса. Нашата надеж е дека големо мнозинство од вас ќе се одважи, ќе каже стоп на целосното пропаѓање на Македонија. Убедени сме дека ќе ја искористите тајноста на гласањето и ќе го надгласате фалсификатот што се прави“, порача Заев.
Тој вели дека не очекува „власта да дозволи фер и демократски избори, туку уште поголеми злоупотреби и нерегуларности“. Заев ги демантира информациите изнесени од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека за денот на изборите се подготвуваат некакви сценарија со непризнавање на изборните резултати.
Слично
