Заев: Пет отсто нема да ги исполни очекувањата, но и тоа е добро
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, истакна дека зголемувањето од пет отсто на платите за наставниците од основното и средното образование нема да ги исполни нивните оичекувања, но и дека тоа е добро поместување од мртва точка.
Ова премиерот го искоментира на потпишувањето на мемеорандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и СОНК, откако Владата синоќа на седница ја донесе оваа одлука.
Зоран Заев изјави дека државата ќе најде начин да ја подобри сегашната состојба во образованието и здравството.
"Пет отсто сигурно не ги исполнуваат очекувањата на наставниците, но тоа е добра иницијатива. Го охрабрувам дијалогот да продолжи. Јас сум левичар, поддржувач на синдикатоти јас верувам дека државата ќе најде начини да се подобри оваа ситуација ", рече Заев.
На истата средба СОНК побара од Владата да ги зголеми и платите во високото образование и културата.
Претседател на Самостојниот синдикат за образование, култура и наука на Република Македонија, Јаки Неделковски ја повика македонската Влада да иницираат активности за зголемување на нивото на платите во високото образование и културни активности.
"Очекуваме дека во наредниот период македонската Влада ќе го земе предвид нивото на платите во образованието и културата. Јас ќе побарам од Владата да обрне внимание на платите кои не се предвидени и споменати. Имаме многу работа, имаме многу предизвици ", рече Неделковски.
