Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Парите ќе одат за развој на компаниите, а не за жални врби

Заев: Парите ќе одат за развој на компаниите, а не за жални врби

Парите ќе одат за развој на компаниите, а не за жални врби, рече премиерот Зоран Заев во улога на претседател на СДСМ на 23.Конгрес на партијата денеска на која беше промоворан националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, како кандидат за претседател на државата.

- Оваа година ќе се гради нов Клинички центар, верувам дека ќе го почнеме и проектот Чебрен и Галиште, железничка линија на коридор 8 за поврзување со Бугарија тргна од мртва точка, ќе има градежна офанзива на патишта, во полн ек е гасификација под полн интензитет и приклучок на сите градови - рече Заев во својот говор.

Наведе дека рекордните странски инвестиции од 625 милиони евра и севкупните од 20-те месеци колку што трае актуелното владеење се многу поголеми од оние во претходните години.


Слично

Поврзани вести