ЗАЕВ: Oва е почетокот на крајот на Груевски
Веднаш по обраќањето на премиерот Никола Груевски во кое тој ја најави својата оставка, со реакција излезе лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
Според претседателот на СДСМ, денешната изјава на Груевски било признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови на Договорот од Пржино.
-Човекот кој одлучуваше за живот и смрт, за тоа кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамилија, братучедот Мијалков и кумот Ставрески узурпираше се за свое лично богатење, јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола, ти не си Македонија. Почитувани граѓани, ова не е крај, ова е почеток на крајот на една криминална, корумпирана, расипничка и недемократска власт, рече Заев.
Заев повтори дека императив на договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа мора да се реализира.
