Заев открива: Масовно се прислушкувале над 20.000 лица
Како што најави лидерот на опозицијата дека од денеска ќе почне да објавува докази така и се случи.
Во моментов е прес конференција која се случува на Бихаќка каде што се присутни членови, симпатизери, пратеници на СДСМ и голем број новинарски екипи.
Лидерот на СДСМ изјавил дека биле масовно преслушкувани голема маса на луѓе од 20 000 луѓе од страна на луѓе врабтени во МВР под директна наредба на Мијалков и Груевски, пренесува Фокус а тоа траело најмалку 4 години, а како што е познато ПИМ мерки може најмногу 14 месеци со дозвола од Јавен обвинител и судија.
„Поднесовме кривични пријави против Мијалков и неколкумина што учествувале во прислушувањето. Во прилог на пријавата има повеќе од 300 мои телефонски разговори. Слично се постапувало со другите опозициони лидери“.
Во овој момент се слушаат разговорите кои биле преслушкувани.
