Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев од Охрид ветува поголеми плати и повеќе работни места

Заев од Охрид ветува поголеми плати и повеќе работни места

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска е меѓу граѓаните на Охрид. Тој утрово се сретна со жителите на Пештани кои срдечно го пречекаа.

-Само притисоци и закани имаме затоа што отворено сме против оваа криминална власт. Мора да има владеење на правото. Мора да им се врати имотот на вистинските сопственици во Пештани, побараа пештанци.

„Промените незапирливо доаѓаат. Ставаме крај на криминалот и корупцијата, во Македонија да има право и правда за сите. Сите ќе бидаме еднакви пред законот и сите заедно ќе се бориме за подобар живот“, изјавил Заев.

Првиот човек на СДСМ имал средба и со борците од НОБ. Тие изразиле незадоволство од состојбата во којашто се наоѓа државата и загрозената слобода, правда и еднаквост.

Со мерките од програмата на опозицијата, Заев истакнал дека ќе се  обезбедат нови работни места, пристојна работа со повисоки плати.

„Силно ќе го помогнеме домашното стопанство а со мерките за повраток на 15% од ДДВ парите ќе ги враќаме кај граѓаните. Имаме мерки за отворање на нови работни места, зголемување на стандардот и еднаквоста во општеството коишто ќе гарантираат сигурна и подобра иднина за сите наши граѓани, истакнал Заев.

Средбите со охриѓани продолжуваат низ централното градско подрачје во Охрид.

Слично

Поврзани вести