Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев од Охрид најавува мерки за жените пред пензија

Заев од Охрид најавува мерки за жените пред пензија

Денеска Заев на традиционалниот Осмомартовски марш којшто се одржа во Охрид најави нови мерки за прекувремени работни часови.

Мерките ќе се однесуваат на работодавачи кои повеќе нема да можат да ги кријат одработените часови на работниците и ќе мора да им ги платат.

„Ќе поттикнеме секој правен субјект да мора да има синдикат што ќе ги штити правата на работниците,  заштитни механизми за да спречиме какво било насилство врз жените, како и зголемена поддршка за да се зголеми  бројот на жени претприемачи, како и вработувања на жените во руралните средини и поддршка за жени – фармерки“, изјави Заев  пред толпата граѓани пред се жени во Охрид.

Заев најави и мерки за мајките со мали деца за кои ветува флексибилно работно време гарантирајќи  враќањето на истото работно место по породилното отсуство.

Нови мерки ќе има и за жените кои имаат наполнети 57 години старост и ќе добијат неполно работно време од 6 часа, до навршување на 60 години старост, со задржување на целата плата.

„За жените работнички со навршени 60 години старост ќе овозможиме да добијат неполно работно време од 4 часа, до исполнување на условот за пензија, односно 62 години старост, со задржување на целата плата“.

Ова се дел од мерките кои СДСМ ги најави а Заев порача и дека неговата партија ќе застане зад жените, работничките и работниците, за оние понижените , храбрите и достоинствените.

Слично

Поврзани вести