Заев од Брисел: Нашите ставови се јасни, нема пазарење!
Преговорите завршија без договор за разврска на политичката криза е она што го потврди од Брисел и лидерот на СДСМ.
„Неразумно и нелогично е креаторот на кризата Груевски да остане да раководи со владата која треба да оранизира подготви и спроведе предвремени избори, изјави опозицискиот лидер Зоран Заев во телефонска линија за Алсат-М.
„Со тоа не е задоволен одговорот на суштинското прашање околу отварањето на преговорите а тоа е организирање на влада што нема да ја преводи Груевски“, рече Заев.
Тој потенцираше дека нивните ставови се јасни и нема пазарења со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија како нивните сограѓани од Европа.
Во врска со обвинувањата на премиерот дека преговорите биле безуспешни поради стравот на Заев од голем изборен пораз Заев вели: „нашиот став е повеќе од јасен и ги аргументира со сите овие месеци наназад суштините на нашите позиции. Груевски денеска беше подготвен сите да ги продаде само својата кожа да не ја даде, направи чекори кои што водеа кон се само тој да остане на чело на владата, ние нема да дозволиме уште едни криминални избори Груевски да организира.
Мора да се обезбедат услови за независни, фер и регуларни демократски избори, истакна Заев.
