Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев очекува договор во најкраток рок

Заев очекува договор во најкраток рок

Опозицискиот лидер Зоран Заев оствари средба со амбасадорот на Р.Унгарија во Р.Македонија, Јосеф Бенце со кој разговарал за актуелната политика криза и можните ризици за скршнување од европскиот пат.

Заев очекува имплементација на договорот од Пржино во најкраток можен рок и максимум посветеност од сите партии

„СДСМ е конструктивно поставена, очекуваме секоја од страните да се потруди најмногу што може и договореното во најкусо време да се спроведе“, посочи Заев.

Амбасадорот Бенце изразил очекување за брзи и ефективни реформи и во критичните области што ги посочи и експертската група на Прибе. Тоа се професионална администрација, независно судство, слободни медиуми, реализација на Охридскиот договор.

И двајцата соговорници констатирале дека е опасно Македонија да ја изгуби препораката за ЕУ, посебно што станува збор за мала држава, со кревка и нестабилна економија, мултиетничка држава којашто сега е соочена и со светската бегалска криза.

Се разговарало и за  продлабочување на односите помеѓу Македоија и Унгарија на економски план и во областите од интерес за секојдневниот живот на граѓаните на двете земји.

Слично

Поврзани вести