Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Заев објасни дали ќе имаме зголемена инфлација и енергетски ценовен шок

Иако постои страв од енергетска криза, сепак премиерот Зоран Заев уверува дека државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок во Европа. 

Заев не очекува инфлацијата да надмине три отсто до крајот на оваа година. 

„Курсот на денарот е стабилен има и стабилни цени. Меѓународниот пазар има влијание врз цените на некои од производите, како што беше со маслото за јадење чија цена се зголеми пред шест месеци насекаде, или цените на нафтените деривати и во моментов на природниот гас и на електричната енергија на берзите“, вели тој. 

Експертите очекуваат зголемување на инфлацијата во земјава. Народната банка прави анкета на инфлациските очекувања и прашува експерти од областа, а според најновата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 проценти во претходната анкета. 

Но, според претседателот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од сега е јасно дека оваа зима ќе имаме рестрикции на струја. 

Вели дека состојбата е алармантна и дека со почетокот на грејната сезона електро – енергетскиот систем  ќе биде оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството, а ние нема да обезбедиме евтин ресурс. 

Објаснува дека енергетската криза ќе доведе до финансиска криза затоа што овие трошоци некој мора да ги плати, а тоа ќе биде народот.

Слично

Поврзани вести