Заев обелодени нова странска инвестиција
Премиерот Зоран Заев објави дека компанијата „Герешајмер“ ќе биде најновиот странски инвеститор во Македонија. Германскиот производител со седиште во Дизелдорф други компании од козметиката и фармацијата ги снабдува со производи од стакло и пластика во кои ќе може да го пакуваат својот асортиман.
„Покрај грчките, имаме дозвола да го објавиме и името на една германска компанија. Тоа е компанијата „Герешајмер“, со инвестиција вредна 120 милиони евра и која за десеттина дена на прес-конференција ќе ја соопшти својата намера. Со „Малхотра“ од Индија се завршени формалностите“, рече вчера Заев одговарајќи на новинарски прашање.
„Герешајмер“ има фабрики во Европа, Северна и Јужна Америка и во Азија. Годишниот приход е 1,4 милијарди евра, а добивката околу 300 милиони.
Заев нагласи дека странските инвестиции во земјата минатата година отвориле „4500 добро платени работни места“ и додаде дека интересот на странските компании да инвестираат без ниту еден денар за рекламирање и промоција.
