Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: Ништо повеќе не зависи од Груевски, тој е минато!

ЗАЕВ: Ништо повеќе не зависи од Груевски, тој е минато!

Ова е уште еден пораз за Никола Груевски, кој призна дека нема услови за фер избори на 24-ти април, порача вечерва опозицискиот лидер Зоран Заев.

-Оваа одлука е уште еден пораз на Никола Груевски. После сите лаги и измами, после сите прекршувања на Договорот од Пржино, како одложувањето на решавањето на Изборниот законик и решавање на прашањето со слободните медиуми, тој призна дека нема услови за одржување на фер и демократски избори. Никола Груески се плаши од слободни и фер избори затоа што се плаши дека ќе ги изгуби. Пред само еден час ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека нема поместување на датумот од 24 април, а ете и тоа се случи. Ништо повеќе не зависи од Никола Груевски, тој е минато. За фер избори СДСМ ќе ја презеде одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните, изјави вечерва лидерот на СДСМ во куса прес конференција за јавноста во партиското седиште.

Заев на краткиот прес говор порача дека во земјава мора да има и ќе  има слободни и фер избори, со прочистен избирачки список и слободни медиуми. „Мора да се избере Влада со полн легитимет. На фер избори ќе победи СДСМ и европските вредности“, истакна Заев.  
Слично

Поврзани вести