Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Никој нема право да ги заштитува криминалците исплашени од СЈО

Заев: Никој нема право да ги заштитува криминалците исплашени од СЈО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска вечерва се сретнаа со претседателите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, придружувани од амбасадорите на Словенија и на Хрватска во Македонија, Бранко Раковец и Данијела Баришиќ.

Тие кажаа дека се загрижени заради политичката криза во Македонија, како и од одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов со која направи државен удар. Бараат  Иванов да ја повлече апсурдната одлука, а и самиот тој да си поднесе оставка.

„Ова не е само суспендирање на Договорот од Пржино, туку и погазување на Уставот и законите. Пред Уставот и законот сите мора да бидат еднакви и никој нема право да ги заштитува криминалците исплашени од Специјалното јавно обвинителство, како што тоа се обидува да го направи Иванов. СДСМ е цврсто решена да ги врати инстититуциите во владение на граѓаните, соопшти претседателот на СДСМ“ - вели Заев.

На средбата се говореше за фер избори, но и за демократијата во Македонија.

Слично

Поврзани вести