Заев: Ние дадовме 55, а откупувачите само 45 отсто од парите за грозјето
Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање на пратеникот Зоран Јованчев, рече дека државата лани учествувала со 55 отсто во откупот на грозјето, додека произведувачите учествувале со 45 отсто.
- Откупот на грозјето беше пример како граѓаните имаат своја Влада подготвена да помогне. 55 проценти од својата земја беше сумата што ја добија за грозјето и останатите количини на залихи, а само 45 од откупувачите. Но тоа беше се со конечна цел да се откупи последното зрно грозје, рече Заев.
Премиерот тврди дека ефект имало и стимулирање од државата на методата со дестилирање.
- Потреби од дестилирање има во Тиквеш, Повардарие, Маркудов и други виозби. Парите се кај производителите, се е исплатено за дестилирање, Низ годините тој дестилат ќе се користи, ќе се преработува, додаде Заев.
Тој рече дека Македонија белеќи најголем извоз на винско грозје, а посебно наливното вино, токму поради стимулациите кои ги давала државата.
- Сите субвенции кои пшто се исплатени до сега го дадоа својот резултат. Годинава поиспразнети ќе бидат визните, што ќе значи поголем откуп на грозјето, рече Заев и додаде дека имало и такви компании кои биле општествено одговорни и откупувале иако не им било потребно грозјето.
