Заев: Нема услови и невозможни се избори на 24 април
„Нема услови и невозможни се избори на 24 април“, рече опозицискиот лидер Заев пред малку на прес конференција.
Тој вели дека невозможни се фер избори без прочистен Избирачки список и реформи во медиумите.
Заев рече дека вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ избегал од соочување со вистината.
„Груевски и фамилијата инсистираат за избори само за спас на нивната кожа но со тоа ќе ја втурнат Македонија во поголема криза“, посочи Заев.
Лидерот на СДСМ истакна дека се неопходни избори што е можно поскоро, но без фантомски гласачи, без притисоци и окупирани медиуми.
„Избори на кои ќе одлучат граѓаните“, потенцираше Заев.
„СДСМ нема намера да аминува уште едни криминални и нерегуларни избори. Партиите кои покренаа иницијатива за распуштање на парламентот и прогласување избори се тие кои сега треба да поднесат иницијатива за повлекување на таа одлука“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање дали опозицијата ќе покрене иницијатива во парламентот за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието.
