Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Нема преземање работници од „Македонски шуми “ во Струмица!

Заев: Нема преземање работници од „Македонски шуми “ во Струмица!
Нема преземање работници од „Македонски шуми “ во општина Струмица, вели лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Според него, препораката на Владата со која се бара општините да преземат дел од 1600 вработени е кршење на Уставот бидејќи, вели тој, извршната власт не смее да се меша во работата на локалната власт. Со ова барање, додава Заев, се крши и Законот за јавни службеници кој прецизно ги објаснува процедурите за вработување во јавните институции. „Како претседател на опозицијата испраќам порака до оваа Влада да престане да го потценува овој наш народ. Ова што го прават, под превезот на социјалните вработувања, да ги пуштаат директно во локалните институции, навистина е играње играчки со паметот, мудроста на овој наш македонски народ, секако тоа е политичка активност на оваа Влада, која ниту Струмица, ниту било која друга општина во Македонија не треба да ја дозволи“,  рече Заев кој денеска имаше средба со жителите од Преспанскиот регион каде ја промовираше новата опозициска програма. „Мојата општина доби 11 места од тој фамозен листинг што стигна после оваа лотарија и сатирична состојба којашто ја имаме во државата, во делот на наводно социјално згрижување на најсиромашните, а знаеме дека станува збор за згрижување на партиски активисти на владеачката партија“, соопшти Заев и додаде дека Струмица нема да дозволи да биде инволвирана во кршење на уставните одредби на оваа држава . Во Преспа тој најави дека ќе се отворат сите теми важни за граѓаните, главно од економскиот сектор, но и оние поврзани со младите луѓе. „Зборуваме како да престане миграцијата на младите луѓе, како да останат овде, кои поволности може државата да ги направи, што е тоа што треба да поттикне во општеството за да се создадат достоинствени услови, за младите луѓе овде да ја гледаат својата иднина и својата перспектива, како што се предлог мерките за отворање сопствен бизнис, даночните ослободувања, рестартирање на постојните капацитети, коишто денеска не се користат за сметка на толку бомбастично најавуваните странски инвеститори“, соопшти Заев. Како приоритетни во реонот ги спомена и земјоделството, капиталните инвестиции, социјалната политика.
Слично

Поврзани вести