Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев куртули од реформата на Тевдовски

Заев куртули од реформата на Тевдовски

Зоран Заев денеска за медиумите изјави дека новиот закон за личен доход со кој ќе се плаќа дополнителен данок за плати над 90.000 денари е последица на левичарската идеологија и на социјал-демократското гледиште на новата власт. Истовремено рече дека неговата плата изнесува 87.000 денари и дека според тоа нема да биде дополнително оданочуван.

- Се работи за левичарска социјалдемократска влада. Ова е мерка која е логично да се бара од тие што имаат поголеми приходи да дадат за посиромашните. Институциите на системот врши само распределба. Ќе се овозможи вработување на млади невработени и покачување во осетливи сектори како здравство и образование. Дај боже сите да земаме 90.000 денари па нека плаќаме поголем данок. Еве јас имам плата од 87.000 денари, а истовремено сум премиер. Замислете за колкави плати станува збор. Треба да имаме и задоволни медицински сестри и специјалисти-доктори. Ние тежнееме да обезбедиме просечна плата од 30.000 денари за граќаните, а замислете таа да е 90.000 денари. Што да кажат сиромавите. Тие најмногу очекуваат од државата да им помогне. Помошта за нив ќе нарасне за 300 отсто и повеќе.  Границата требаше да биде 60.000 денари и веќе отстапивме и таа ќе биде над 90.000 сега - рече Заев.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека со оваа мерка не се задаваат удар на индустријата

- Јас сум еден од тие индустријалци кои имаат поголеми приходи. Треба да се изгради по-фер заедница, иако тоа е на моја сметка - рече Анѓушев.

Слично

Поврзани вести