Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Нема да дозволам уште едни не фер и нерегуларни избори

Заев: Нема да дозволам уште едни не фер и нерегуларни избори

Дел од денешната граѓанската дебата „Слободно општество и социјална правда“ беше и опозицискиот лидер Зоран Заев.

Тој во своето обраќање оттаму порача дека оваа недела е клучна за земјава.

Заев зборуваше за неговото гостување во медиумите и односот на новинарите кон него како опонент на власта и искажа верување дека сите придобивки кои ги споменува треба да ги гледаме како мотивација и секоја различност треба да ја оставиме да плута едноставно и да си го даде својот ефект за да секако на крајот да имаме комплетно поклопување на коцките во целиот мозаик.

Тој рече дека како шеф на опозиција нема да дозволи уште едни нерегуларни избори, укажувајќи на фактот од потребата за создавање на независни институции како СЈО, а истакна дека и ДИК, Агенцијата за медиуми и МРТВ, правосудството мора да се ослободат и да се тргнат канџите на политиката од нив .

Согласно на тоа Заев нотираше дека како политичар, којшто ја води опозицијата не можат сами политичките партии од опозицијата да ја издвојат оваа победа.

„Не можат ниту сами граѓанските организации, нитус високо мотивираните со љубов кон татковината новинари, интелектуалци, универзитетски професори. Сите имаат своја различна цел, претпоставувам. Сите имаат свои начини како да ги постигнат тие свои цели, но, на крајот како што гледате конечната цел на сите ни е еднаква, секој на свој начин треба да си ги заврши работата“, изјави Заев.

Слично

Поврзани вести