Заев:Нека почне ВМРО-ДПМНЕ со митинзи и ние ќе ја почнеме нашата стратегија
Додека владејачката партија се подготвува за изборите на 5-ти јуни на кои ќе биде единствен учесник, Социјалдемократскиот сојуз има друга стратегија.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Мета”, најави дека тие подготвуваат поинакви активности, но вели дека сега не е времето да ги открие.
„Сè уште е рано да ја соопштиме нашата стратегија за 5 јуни, но нека почне ВМРО-ДПМНЕ со организирање митинзи и настани за изборите, па тогаш и ние ќе ја почнеме нашата стратегија. Иако јас сум сигурен дека тоа нема да се случи“ – изјави Заев.
Денеска почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори за 5-ти јуни, на кои единствен учесник е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Партиите и натаму бараат да се свика Собранието и да се поништи одлуката за избори.
