Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заев: Нека ја објават цела снимка, а не сецкана, па ќе видите дека нема поткуп!

(ВИДЕО) Заев: Нека ја објават цела снимка, а не сецкана, па ќе видите дека нема поткуп!

После завршувањето на лидерската средба, опозицискиот лидер Зоран Заев даде изјава за медиумите во врска со вчерашното видео кое незаконски протече во јавноста на каналот на Јутјуб, а во кое ВМРО-ДПМНЕ тврди дека наводно Заев земал мито.

Тој го изјави следново:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hRSH3RPZPKc[/embed]

Во врска пак , со лидерската средба која денес се одржа меѓу четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Заев вели дека ова денес не било  политички дијалог, иако се обиделе да воспостават  рамка дали е возможен политички дијалог и тоа ќе продолжи во понеделник.

„Ние денеска се согласивме за заедничка изјава којашто најверојатно ви е поделена, којашто ги потврдува сите заложби во процесот што во континуитет трае, а го води опозицијата - тоа е борбата за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во нашата земја“, рече Заев.

Запрашан како ги коментира обвинувањата дека во недела спрема насилство на протестот, вели:

Таман работа. Уште еднаш јавно повикувам, сите слободоумни граѓани да се приклучат на мирен и ненасилен протест, којшто со сите можни средства, аргументи и можности коишто ги има опозицијата, ќе го организира да биде мирен и ненасилен. Што значи тоа, ќе се обратат европски пратеници, нема да дозволиме никој да се срами. Сите наши активисти, ќе сликаат и снимаат со телефоните можен чекор за насилство. Ќе имаме тампон зона од млади активисти, помеѓу полицајците и сите оние коишто ќе протестираат и на протестот ќе има обраќање, нема да има директно соочување со полиција, со протестанти што се случува секој ден. Тоа е протест во којшто ќе има обраќање на многу луѓе. Така да најавуваме еден прекрасен протест, којшто за прв пат во Република Македонија ќе биде прекрасен заради тоа што ќе биде мултиетнички и заради тоа што ќе биде масовен каков што досега Македонија немала.

Медуми: Ќе поднесете ли оставка по објавеното видео во коешто се гледа...

„Јас вчера дадов изјава. Нека ја објават целата снимка, целата снимка, не да ја прекинуваат на 2 минути и 25 секунди. Штом ја објават целата снимка, ќе стане јасно дека апсолутно нема ниту индикации за поткуп. И знаете дека Заев го пријави обидот за поткуп“, вели Заев.

Медиуми: Имаме информации за опструкции на протестот, дека не можете да организирате автобуси за протестот...

Постојат повеќе начини на опструкции. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и влијателни функционери од извршната власт се јавуваат на сопственици на превозните компании за да не ги отстапат превозните средства, по договори што се веќе постигнати за пари, а почнуваат да ги откажуваат. Одат од врата на врата да одвраќаат граѓани да не дојдат и неколку други видови на активности, пред `се преку поклопените медиуми коишто најавуваат дека протестот би бил насилен. Она што треба да го знаат граѓаните е дека ќе имаме мирен, ненасилен протест, масовен, невиден досега. Не се испушта историската шанса да се учествува во мултиетнички и масовен протест во организација на невладините организации, здруженија и опозициските партии во Македонија.

Сите одговори на прашањата погледнете ги во видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nmC9x8lwrLA[/embed]
Слично

Поврзани вести