Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Нека денешниот празник биде уште еден поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција

Заев: Нека денешниот празник биде уште еден поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција

И лидерот на опозицијата Зоран Заев упати честитка по повод денешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

„Во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, до сите православни верници, упатувам честитки со искрени желби за добро здравје, мир и благосостојба. Славејќи го денешниот ден, уште еднаш ги афирмираме основните човекови вредности на почит, правичност и праведност на кои треба да се базира едно современо и праведно општество. Денот на успението на Мајката Божја потсетува и на суштинското значење на мајчинската љубов и топлина, но и на човечката посветеност и искреност. Нека денешниот празник биде уште еден поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Тоа е вистинскиот пат, по кој секој Христијанин, но и секој човек треба да чекори. Само со добри мисли и хуманост можеме да градиме заеднички дом, кадешто меѓусебната почит, разбирање и добрина ќе бидат приоритети“, гласи честитката на Заев.
Слично

Поврзани вести