Заев: Недела неработен ден за сите што сакаат да бидат со семејствата
Зоран Заев, претседателот на СДСМ, најавувајќи нови мерки за следниот мандат, рече дека следен чекор на неговата трудова политика ќе биде воведувањето на недела како неработен за сите граѓани што сакаат да бидат со семејството, без при тоа да објасни за кои ситуации се однесува таквата мерка.
- Грижата за работниците и владеењето на работничките права продолжува со истиот тренд кој што е денеска веќе видлив. Следува построга, темелна и редовна контрола на работното време и на работничките права. Недела да биде неработен ден за сите кои сакаат да бидат со своите семејства, рече Заев.
Потсети дека доколку СДСМ повторно дојде на власт до крајот на мкандатопт во 2024 минималната плата ќе биде 18.000 денари. Додаде дека ќе се воведе и можност зџа младите да заработат преку работа со скратено работно време.
- Трудовите потенцијали стануваат помали и помали во земјата, се бараат работници и мора вака да ги искористуваме, наведе Заев.
