Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев не се појави на судењето за ,,Пуч” – судијката даде опомена за апсење

Заев не се појави на судењето за ,,Пуч” – судијката даде опомена за апсење

Првото судско рочиште за случајот ,,Пуч'', кое требаше да биде денеска е одложено за на 7 септември,откако лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е четвртообвинет, не дојде во кривичниот суд.

Судијката Љубинка Башеска рече дека доколку тој не се појави на следното рочиште, ќе побара негово полициско приведување. Таа побара и образложение од адвокатскиот тим, да објаснат зошто Заев денеска не се појави на судењето.

Одбраната пак, само ја повтори изјавата на Заев кој ја даде на почетокот на јули месец, кога рече дека нема да доаѓа на рочиштата, затоа што не го признава судот и неговата партизираност.

Уште една причина за неговиот бојкот е е постигнатиот договор во Пржино, според кој треба да се избере специјален јавен обвинител, кој ќе ја расчистува аферата со прислушкувањето.

Во случајот „Пуч“,четвртообвинетиот, лидерот Зоран Заев се товари за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, односно за кривично дело сторено во обид.

Главен доказ на судењето ќе бидат снимките од кабинетот на Груевски, кои јавноста ги виде, а се тајна во судската постапка.

Слично

Поврзани вести