Заев не се појави на судењето за ,,Пуч” – ЈО бара да му се одземе пасошот!
Пропадна и денештно судско рочиште за случајот „Пуч“.
Четвртиот осомничен, лидерот на опозициската СДСМ и денес не се појави пред судот при што од Јавното обвинителство побараа да му се одземе пасошот.
Заев не се појави и на претходното рочиште.
Судот уште тогаш најави дека ако и денес не се појави можно е да се издаде наредба за стражарско приведување.
Одбраната пак, само ја повтори изјавата на Заев кој ја даде на почетокот на јули месец, кога рече дека нема да доаѓа на рочиштата, затоа што не го признава судот и неговата партизираност.
Уште една причина за неговиот бојкот е постигнатиот договор во Пржино, според кој треба да се избере специјален јавен обвинител, кој ќе ја расчистува аферата со прислушкувањето.
Во случајот „Пуч“, четвртообвинетиот, лидерот Зоран Заев се товари за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, односно за кривично дело сторено во обид.
Следното рочиште е закажано за 5 октомври, адвокатите на опозицискиот лидер бараат да се одложи судењето додека не биде изберен специјален обвинител а од судот пак посочија дека не прифаќаат политички договори и не се водат според нив.
