Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев не се појави на суд, можна следна мерка – притвор?

Заев не се појави на суд, можна следна мерка – притвор?

Опозицискиот лидер Зоран Заев денес требаше да се појави во кривичниот суд во Струмица, но како што вети на почетокот на овој месец дека повеќе нема да се појавува во судот и на судските рочишта така и направи.

Тој неодамна истакна дека не го признава правосудството како независна власт по Устав и по закон, бидејќи како што вели тоа било под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт.

Во неговото обраќање до јавноста, Заев децидно одлучи дека повеќе нема да присуствува на закажаните судски рочишта и нема да продолжи да ја почитува определената мерка да се јавува  во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.

Понатаму напоменува дека одлуката на Судот да прифаќа нарачан обвинителен акт е врв на апсурдот на овој предмет од самиот почеток, бидејќи како што вели досега од судот му немале дадено никакво објаснување а одбивање на разумните приговори на обвинението.

Од Основниот суд Скопје 1 пак на опозицискиот лидер му дадоа рок до пладне  да се јави кај надлежен судија во Судот во Струмица а ако тоа не се случи тогаш ќе биде испратено известување до Основниот суд Скопје 1, кој потоа ќе треба да одреди нова мерка за обезбедување.

Обвинетиот  Заев треба да се јави до 9.30 часот, но судијата во предходна постапка прави толеранција до пладне, има предвид ако обвинетиот негде патувал или имал некакви објективни причини за доцнење. Ако не се јави до тогаш, ќе се испрати писмено известување до Основниот суд Скопје 1.

Како ќе се постапи понатаму зависи од судот што ја одредил мерката - вели судијката Цона Каламерникова, задолжена за комуникација со медиумите во струмичкиот суд ,објави Плусинфо.

Од скопскиот основен суд објаснуваат дека додека не го добијат известувањето не може да кажат како ќе постапат. Писменото известување се пушта по пошта, па не може да се каже кога точно ќе стигне до Скопје.

Што ќе одлучи судот ќе слушнеме деновиве.

Слично

Поврзани вести