Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев не се појави на суд, имал службени обврски!

Заев не се појави на суд, имал службени обврски!

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска требаше да се појави на суд во врска со случајот „Поткуп“.

Сепак, според информации од кабинетот на Заев, поради службени обврски тој не дошол на суд.

Во меѓувреме , од одбраната го известиле судот дека Зев ќе се појави на следното рочиште, закажано за на 3 март.

Имено, Зоран Заев се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица.

Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.

Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.

За одбраната овој случај е тенденциозен и контрадикторен и уште една политичка местенка за Заев, а според адвокатот Филип Медарски, поткупот не е примен.

Слично

Поврзани вести