Заев: Наша цел е европските вредности да се вратат во земјата!
Опозицискиот лидер денеска даде интервју за националната Хрватска радио телевизија (HRT).
Тој во интервјуто посчи дека ваквата состојба во земјава ќе трае додека не се врати слободата.
„Јас знам дека ова ќе трае се додека не се врати слободата и демократијата во Македонија. Ништо ниту помалку ниту повеќе ме интересира мене, раководството на најголемата опозициона партија и на целата коалиција, коишто сме со исти ставови. Девет години сме опозиција. Можеби заради тоа сме растеретени.
Знаеме каква е состојбата во државата. Секако, честа народот ја дава кој ќе ја води Македонија. Но, тоа не е примарната цел којашто ја имаме. Примарна цел е слободата, демократијата и европските вредности да ги вратиме во нашата земја“, изјави Заев за ХРТ.
