Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Направен исчекор за комисијата за 24 декември

Заев: Направен исчекор за комисијата за 24 декември

Исчекор во изнаоѓање решение во однос на формирањето на експертската комисија која треба да ги расчисти настаните од 24 декември, најави  денеска новиот лидер на СДСМ Зоран Заев по средбата со премиерот Никола Груевски во Владата на Република Македонија.

Како што изјави Заев, по едно и пол часовната средба, договорено е тие двајцата или претставници на двете страни во наредните три до четири дена директно да искомуницираат со цел изнаоѓање конечно решение по ова прашање.

- Навистина ваквите средби во нормални држави се секојдневна работа. Јас се надевам дека оваа средба што беше најавувана како преседан и нешто ново нема да остане така. Исчекорот кон политичкиот дијалог е направен и се надевам дека ќе се одржува барем за прашањата од национален интерес за Република Македонија, рече Заев.

Запрашан за негова оценка за спроведените владини мерки и реформи, Заев посочи дека дополнително ќе даде коментар за тоа подвлекувајќи дека е подготвен како лидер на опозицијата да даде поддршка за се што е добро за државата, а вели тоа ќе му даде легимитет да го критикува сето она што не е добро.

Слично

Поврзани вести