Заев најавува кривична пријава за осмислено нудење на поткуп
Денеска лидерот на опозицијата се појави во Обвинителство да даде исказ за случајот „Пуч“ во кој е четвртообвинет за организиран криминал при што не сакаше да ја коментира постапката на случајот од почит на самата постапка и за истата ќе даде исказ во соодветен дел од постапката.
Во врска со поставено прашање за новото кривично дело во кое МВР го осомнични за земање поткуп од 200 илјади евра, Заев нагласи дека подготувава кривична пријава за осмислено нудење на поткуп и осмислено договарање за местење на поткуп.
-Една година и нешто повеќе се мачат како да наместат давање на пари на претседателот на опозицијата. На сите начини се обидуваат тоа да го направат. Се подготвува кривична пријава која ќе биде доставена од моја страна за осмислено нудење на поткуп и осмислено договарање за местење на поткуп. Ако имаше местење со давање пари тоа ќе беше објавено сигурно од страна на, не би ги нарекол веќе државни органи туку партиски органи, рече Заев.
На вчершаното обраќање на трибината на СДСМ Заев го објави и името на човекот кој соработувал со власта и дека станувало збор за Иво Сачивалиев од Струмица, сопственик на струмичка конзервна фабрика.
