Заев најави повисоки плати - кој добива покачување?
Премиерот Зоран Заев најави дека вработените во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за април 2019 година.
Информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности ја усвои Владата на денешната седница.
„Со оваа одлука на Владата, 2.899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година. Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата“, пишува Заев на Фејсбук.

Тој им честитам на културните работници и уметници за заслуженото.
Слично
