Заев најави помош за угостителството, транспортот, тутунарите, медиумите
Премиерот Зоран Заев најави помош за во угостителската дејност, транспортот, на тутунарите, медиумите.
Се надева дека петтиот пакет на мерки ќе даде ефект.
„Ги таргетираме хотелите надвор од туристичките места. Тие хотели коишто беа во туристичките места со ваучерите со картичките, со она што значеше 6.000 денари помош на граѓаните на сметка беа помогнати и навистина туристичката сезона некако ја поминаа, имајќи предвид дека сепак е пандемија за сите. Но, хотелите надвор од туристичките места, тоа е главниот град, во внатрешноста навистина беа затворени или минимум присутни, сакаме да дадеме грантови или одредени мерки, иако дел од економските министри се да имаме мотивирачки мерки. За тутунот ќе имаме сигурно мерка оваа година и верувам дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменикот и неговиот тим навистина ќе искреираат убав пакет како да помогнеме, оти последици меѓу другото на КОВИД-19 се и пониските откупни цени од последните три години. Тоа е нашиот народ, огромен број население живее од тоа и тука ќе имаме сигурно разработена мерка. Медиумите се директно погодени, плаќаат 49 милиони и 500 илјади сите 118 или 138 медиуми. Цел на Владата е, без да има било какви интеракции со медиумите, да помогне кај АВМУ, а АВМУ ако може да ги ослободи медиумите од таа концесија, тоа купче од 50 милиони денари за сите медиуми, да помогнеме. Ги разгледуваме можностите за терестеријалната такса која што плаќаат кон АЕК, тоа е регулаторно тело, мора да се разговара да се види што може тука да се помогне“, дополни Заев.
Најмногу барања имало за помош на платите, но има многу предуслови и ова ќе треба да се разгледа. Заев очекува дека 2021 година ќе биде рестарт. Планирано е бришење на каматите на долговите за сите граѓани.
