Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави помош за лозарите

Заев најави помош за лозарите

Владата синиќа одлучила да им помогне на лозарите, најмалку како што беше ланската интервенција од денар за килограм предадено грозје, но можеби и повеќе, зависно од можностите.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти премиерот Зоран Заев. 

Дали производителите ќе добијат поголема поддршка од минатата година ќе се знае, како што рече Заев, кога ќе почне откупот.

Премиерот кажа и дека се преговара со визбите околу шеќерните единици – да бидат фер поставени како основа на откупувачката политика.

„Ќе ги следиме сите можности што ни стојат на располагање. Секако во тековниот период, кога ќе почне откупот, и ќе ги соопштиме сите наши можности. Но, од оваа година имаме дополнителна поволност заради падот на севкупните каматни стапки, веќе и исплатата на откупеното грозје ќе се исплаќа во готово со огромен, поголем процент зашто калкулациите кај визбите покажуваат дека ако земат кредит и веднаш тоа го направат, тогаш, поради поевтините каматни стапки, многу брзо лозарите ќе дојдат до самите пари“, изјави Заев.

Потсети дека Владата досега веќе интервенираше во градинарството и овоштарството.

Слично

Поврзани вести