Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави „Македонска пролет“ од Куманово

Заев најави „Македонска пролет“ од Куманово

Лидерот на највлијателната опозициска СДСМ Зоран Заев синоќа од Куманово го најави почетокот на „Македонската пролет“ за која рече дека долго е очекувана и дека тој на државата ќе и ја врати слободата и демократијата.

Vistinata za Makedonija

Заев после синоќешниот протестен марш во Куманово рече дека е ред „Македонската пролет“ да тргне од тој херојски, непокорен, револуционерен град.

Тој, ги повика граѓаните на Куманово да се приклучат во борбата за слобода нагласувајќи дека тоа не е само борба на опозицијата туку и на сите партиоти.

Vistinata za Makedonija, Kumanovo

Од граѓаните побара поддршка и ги повика на одлучност и решеност, како што истакна, да ја вратат слободата и демократијата, како и приликите во 21 век.

Следбениците на владеачката ВМОР-ДПМНЕ ги повика заедно „да ја ослободат“ Македонија, а после во фер и демократска атмосфера да се натпреваруваат за интересите на државата и народот.

Vistinata za Makedonija, 03.04.2015

Претставниците на СДСМ најавија одржување на слични протестни маршеви и во други македонски градови.

Протестниот марш во Куманово е одржан под иметот на проектот „Вистината за Македонија“.

Слично

Поврзани вести