Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави економски поход

Заев најави економски поход

Премиерот Зоран Заев за годинава најави зголемување на минималната плата, поврат на ДДВ за граѓаните, почеток на изградбата на клиничкиот центар и на автопатот Скопје-Блаце. Откако се изгласаа уставните измени, вели дека сега е потребно многу работа дома. 

Кажа дека ќе почне да се реализира и деценискиот енергетски проект за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Доколку се реализира сето ова тој очекува раст на економијата уште поголем од планираниот.

„Уште денеска влегуваме во една економска и реформска иницијатива која што е високо на нашата агенда во 2019 година. Да ги убедиме сите инвеститори кои досега се двоумеа дека сега имаат безбедна земја партнер, пријателска земја за бизнис и за нови вработувања за нашите граѓани“, изјави Заев.

Овој економски поход ќе даде вистински резултат, додаде Заев само ако се работи чесно и одговорно и без корупција. 

Слично

Поврзани вести