Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев најави дека осум странски компании одлучиле да инвестираат во Македонија

Заев најави дека осум странски компании одлучиле да инвестираат во Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека осум странски компании имаат донесено одлука за инвестирање во Македонија и се чека потврдата од матичните компании за да се потпишат договорите. 

„За 10 месеци потпишавме 10 договори со странски инвеститори, а дополнителни осум компании донесоа одлука преговарачките тимови за инвестирање во Македонија и ја чекаат потврдата од матичните компании да ги овластат за да ги потпишеме. Преговараме со 200 компании. И веројатно тоа не е само наш успех, тоа е нешто што почнала и претходната Влада, но ние тоа го надоградивме и тоа расте“- вели Заев во интервјуто.

Премиерот се надева дека проектираниот раст од 3,2 проценти е достижен доколку се реализираат 65 до 70 проценти од најавените капитални инвестиции.

Слично

Поврзани вести