Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на средба со Волерс за забелешките за изборите

Заев на средба со Волерс за забелешките за изборите
Американскиот амбасадор Пол Волерс доцна попладнево на гости кај лидерот на СДСМ Зоран Заев. На средбата, американскиот дипломат изворно бил информиран за забелешките кои најголемата опозициона партија ги упати на адреса на власта за одржаните двојни избори кои од нивната страна беа окарактеризирани како нерегуларни, недемократски и нефер. Заев и Волерс разговарале за изборните манипулации, уценувањата, поткупувањата и притисоците врз граѓаните, злоупотребата на администрацијата, неизбаланисраното медиумско известување. „Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, укажа на конкретни примери за системски притисоци врз граѓаните на Република Македанија: поткупи, уцени и закани со дирекна инструментализација на полицијата, непостоечки гласачи во непостоечки влезови на згради и целосна медиумска блокада. Дел од овие системски слабости во Р.Македонија се веќе нотирани во извештаите на американскиот Стејт Департмент. Како еден од последните докази за изедначување на државата со партијата, констатирано и во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот Заев го посочи непостапувањето на ниту една институција за коруптивниот случај “Македонска банка“ во којшто е директно вмешан премиерот Никола Груевски“, се наведува во партиското соопштение. Волерс изразил интерес за заканите од страна на власта и најавил дека САД одблиску ги следат случувањата во Македонија. Само неколку часа пред оваа средба, преку заедничка писмена изјава за спорведените избори се огласи ЕУ и САД. Во неа се вели дека тие ја споделуваат оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. „Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани. Во тие напори мора да се вклучат партиите што ќе ја формираат новата влада и да се ангажираат со опозицијата во конструктивен дух. Тие мора да се осврнат не само на техничкиот аспект на организирање на избори, туку мора да ги адресираат и сите неправилности и диспропорционалности во поширокиот изборен систем, бидејќи со нив се ризикува да се поткопа довербата во демократскиот процес“. Средбата на Заев со Волерс доаѓа само ден по барањето на кандидатот за претседател на Макеоднија Стево Пендаровски меѓународната заедница да се позанимава со креаторот на проблемите и да престане да биде „само пасивен набљудувач на ретроградните политички процеси кои се случуваат во Македонија“. Дипломатски извори Не исклучуваат и во наредните денови амбасадори на влијателни земји членки на ЕУ да остварат средба со раководството на најголемата опозициона партија за лично да слушнат за низата забелешки кои таа ги посочи по завршувањето на изборниот циклус.  
Слично

Поврзани вести