Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ОБНОВЕНО) Заев на прва средба со Филе во Брисел, задоволство од разговорите

(ОБНОВЕНО) Заев на прва средба со Филе во Брисел, задоволство од разговорите
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е на прва средба со еврокомесарот Филе во Брисел, откако ја презеде палката во СДСМ. -Ова е дел од константните и тековни контакти што комесарот Филе ги има со сите учесници и засегнати страни од земјите во неговото портфолио. На агендата на комесарот не гледам дека ќе има друг состанок со политичари од БЈР Македонија во следните неколку денови, но дефинитивно ќе има повеќе во текот на оваа година, која ќе биде многу интензивна изјави Стано. Партиски извори од СДСМ велат дека  на маса  меѓу лидерот на опозицијата ,  неговата заменичка Шеќеринска и еврокомесарот за проширување ќе се најде последниот извештај за напредокот на земјава кон ЕУ. Ќе се зборува за спорот за името, како и мартовскиот договор и препораките од извештајот на 24 декември. Заменикот претседател на СДСМ, Шеќеринска, веднаш по средбата на Твитер напиша дека од таму излегуваат задоволни: Со Зоран Заев излегуваме повеќе од задоволни по средбата со Штефан Филе. Одлична можност за размена на мислења на тема МК и ЕУ, напиша потпретседателката на СДСМ по средбата.
Слично

Поврзани вести