ЗАЕВ: На Избирачкиот список има 100 000 непостоечки гласачи
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс најави дека опозициската партија нема да излезе на избори на 24 април поради непрочистениот Избирачки список и регулацијата на медиумите.
„Прво е избрачкиот список кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по два пати, а такви според информациите кои ги има опозицијата се над 100.000 или 12 проценти. Изборите може да ги пресудат неколку проценти од гласачите и затоа опозицијата нема да се согласи да излезе на 24 април" рече Заев.
Според него, за прочистување на Избирачкиот список потребни се најмалку сто дена што значи дека изборите би биле на почетокот на летото.
Слично
