Заев: На 5 јуни сигурно дека ќе нема избори
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека на 5 јуни сигурно нема да има избори и дека власта нема да се осмели сама да оди избори.
За распишувањето на изборите за утре од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, Заев рече дека тоа ништо не значи и се надева дека тоа нема да се случи.
„На 5 јуни, сигурно дека ќе нема избори. Тоа е повеќе од јасно и тоа не е заради тоа што опозицијата така кажува, опозицијата ги бараше изборите, ние на зелена маса се изборивме да има предвремени избори, но се изборивме тие да бидат регуларни, фер и демократски, уште едни криминални избори, ниту на Македонија и требаат, ниту ќе биде некое решение за излез од оваа политичка криза“ - изјави Заев.
Тој повика јавноста да ги впери очите кон ДИК, бидејќи кај нив ќе се кршат копјата околу теренската проверка на гласачи.
